Вашингтон е за истрага во бомбардирањето на училиште во Украина

Вашингтон соопшти дека поддржува украинска истрага во бомбардирањето на училиште во градот Доњецк кој е под контрола на проруските сепаратисти. Во нападот загинале двајца тинејџери. Ова се случило за време на бомбардирањето околу аеродромот во Доњецк каде што се наоѓаат украински владини сили. Една граната паднала во училишното игралиште при што биле убиени тинејџерите. Двете страни меѓусебно се обвинија за трагичниот инцидент. И покрај примирјето постигнато на 5 септември, и натаму во источна Украина има секојдневни борби. Од почетокот на април досега во конфликтот загинале над 4 илјади луѓе.