Потпишан договор за формирање влада во Бугарија

Партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) денеска потпиша договор за формирање малцинска коалициска влада по едномесечни преговори, соопштија бугарски официјални претставници. Документот е потпишан во парламентот од лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов и лидерите на пет мали партии во составот на Реформскиот блок, јави БТА. Борисов вели дека најмалку десет пати биле на раб до нови избори. Направивме сериозни жртви, изјави Борисов по потпишувањето на коалицискиот договор, изразувајќи надеж дека новата влада ќе има долг живот.

Владата на Борисов ќе биде петта во помалку од две години во државата која заздравува од банкарската криза и се обидува да го поттикне економскиот развој на земјата.