Киев најави пасошка контрола за сепаратистичките области

Украина најави дека ќе врши пасошка контрола околу сепаратистичките области во источна Укриана. Од граничната полиција денеска изјавија дека секој што ќе влезе или ќе излезе од бунтовничките области ќе треба да носи пасош. Властите оваа мерка ја објаснуваат како мерка за безбедност. Со оваа мерка ќе се создаде граница меѓу Украина и областите кои се под контрола на бунтовниците. Ден претходно Киев најави дека ќе го укине финансирањето на овие области. Во меѓувреме често се нарушува договорот за прекин на огнот.