МОН ја следи состојбата со греењето во училиштата

Владата ја следи состојбата со греењето во училиштата и дополнително ќе интервенира доколку има потреба, изјави заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски. Тој рече дека очекува сериозен план од градоначалниците за надминување на проблемот. Според Ристовски состојбата очигледно е продуцирана од погрешно или неправилно менаџирање на дел од состојбите во општините и повтори дека МОН секоја година доставува редовни блок дотации до општините.