Обама бара нови воени овластувања од Конгресот

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека ќе работи со Конгресот на нови овластувања околу употребата на воена сила против милитантите на Исламската држава. Говорејќи по поразот на неговата Демокаратска партија на изборите за Конгресот, Обама нагласи дека светот треба да види дека Соединетите држави се обединети околу тоа прашање. Тој исто така изрази претпазлив оптимизам во врска со постигнувањето договор со Техеран за иранската нуклеарна програма. Овие две прашања, според експертите, ќе претставуваат проблем за Белата куќа откако републиканците ја презедоа контролата врз двата дома на Конгресот.