Ослободен по 13 години во Гвантанамо

Гвантанамо

Соединетите држави вратиле во Кувајт државјанин на оваа земја откако скоро 13 години бил во американскиот затворски центар во Гвантанамо на Куба. Станува збор за Фавзи ал Одах кој бил уапсен во Авганистан во февруари 2002 година и испратен во Гвантанамо под сомневање дека бил поврзан со Ал Каеда или со талибанците. Неговиот татко изјави дека ал Одах бил учител во Авганистан кој им бил предаден на американските власти во замена за парична награда.