Српската Влада ќе даде гаранции за ослободување на Шешељ

Воислав Шешељ.

Српската Влада е подготвена да даде гаранции за времено ослободување на лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ, обвинет за воени злосторства од Хашкиот трибунал, ако тој се ангажира да ги почитува условите на трибуналот, изјави вицепремиерот и претседател на Националниот совет за соработка со Хашкиот трибунал, Расим Љајиќ.

Љајиќ истакна дека српската Влада е „растревожена од најновиот развој на здравствената состојба на Шешељ“.

Лекарите соопштија дека по дијагностицираниот рак на дебелото црево се утврдени и метастази во црниот дроб на Шешељ и е неопходно тој неодложно да излезе од затвор, за да биде лекуван.

Шешељ доброволно се предаде на Трибуналот на 23 февруари 2003 година. Оттогаш тој е во затворот во Хаг, а процесот против него почнат во 2007, се уште не е завршен.