Протест на опозициски активисти во Ерменија

Голем број луѓе се собраа денеска во центарот на главниот град на Ерменија, Ереван, за да ја одбележат првата годишнина од апсењето на лидерот на националистичката партија „Тсегакрон“ и неговите поддржувачи. Демонстрантите денеска побараа ослободување на лидерот и на уште 11 активисти. Тие минатиот месец беа осудени на по седум години затвор за хулиганство. Минатата година партиски активисти се судрија со полицијата во Ереван додека се обидуваа да маршираат до претседателската зграда. Десетици луѓе беа повредени, меѓу кои и четворица полицајци. Полицијата уапси осум учесници на денешниот протест.