Шариф вети дека во Пакистан ќе нема полио за шест месеци

Премиерот на Пакистан Наваз Шариф вети дека за шест месеци во земјата нема да има полио, оти ќе се вакцинираат сите деца против оваа болест.

Шариф денеска присуствуваше на состанокот на Управниот одбор за борба против детска парализа. Тој најави дека ќе се формира посебен Комитет за борба против болеста во која ќе членуваат министрите за внатрешни работи, за одбрана и за здравство. Во земјата годинава се регистрирани 235 случаи на полио.

Талибанските милитанти го забранија вакцинирањето и ги напаѓаат тимовите кои вршат вакцинација, обвинувајќи ги дека се шпиони за САД.