Меркел - нема укинување на санкциите кон Русија

Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека не постои начин Европската унија да ги олабави економски санкции против Русија наметнати поради кризата во Украина. Таа денеска пред новинарите во Берлин изјави дека не постои можност за ублажување или укинување на санкциите. Таа вели дека лидерите избрани на изборите во сепаратистичките региони треба да се додадат на листите на ЕУ за санкции. Меркел побара да се почитуваа договорот за прекин на огнот потпишан на 5 септември.