Нимиц свика нова рунда за името на 12 ноември

Посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц.

Посредникот на ОН во разговорите меѓу Македонија и Грција во спорот за името Метју Нимиц свика нова рунда разговори меѓу претставниците на двете земји на 12 ноември во Њујорк.

На средбата ќе присуствуваат македонскиот амбасадор Васко Наумовски и грчкиот дипломат Адамантиос Василакис. Според информацијата објавена од Обединетите нации, средбите ќе се оджат во седиштето на зградата на ОН, при што Нимиц ќе има одделни средби со Наумовски и Василакис, а потоа и заеднички разговори. Целта на средбата, според соопштението на Обединетите нации, е да се продолжат напорите за изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот за името.