Русија планира бојкот на самитите за нуклеарна безбедност

Самитот за нуклеарна безбедност, 2012.

Русија ги информирала Соединетите Држави дека нема да учествува на претстојните серија на самити на кои ќе се дискутира за нуклеарна безбедност. Асошиејтед прес соопштува дека Русија планира да не учествува на Самитот за нуклеарна безбедност кој ќе се одржи во Вашинготн во 2016. Неименувани дипломатски извори за АП велат дека преку дипломатска нота Русија ги известила САД и другите земји за своите планови за неучество. Русија претходно учествуваше на Самитите во 2010, 2012 и 2014 година. Официјален Кремљ одби да коментира.