Киев го прекинува финансирањето на сепаратистичките региони

Украинскиот премиер Арсениј Јетсењук денеска изјави дека Киев ќе прекине да ги финансира сепаратистичките области во источна Украина, се додека, како што вели, не си отидат „терористите“. Тој изјави дека сепак ќе продолжи снабдувањето на регионите со гас и со струја, за да им се помогне на обичните луѓе кои живеат таму во текот на зимата. Премиерот вели дека околу 26 милијарди долари
од владините фондови нема да отидат за сепаратистичките региони. Тој вели дека сега сепаратистичките лидери кои се спротивставија на украинската влада со тоа што одржаа избори на 2 ноември, сами треба да се погрижат за финансирањето. Јетсењук, исто така, ја повика Москва да престане да ги поддржува сепаратистите.