Рама - Посетата на Србија е нов почеток за Балканот

Претстојната посета на Србија е нов почеток за цел Балкан, изјави албанскиот премиер Еди Рама, кој ќе го посети Белград на 10 ноември.

„Ова време бара нов и обединувачки пристап за една иднина која треба да биде подобра за сите наши народи, оставајќи го зад себе тоа од минатото што не спречуваше да тргнеме напред и предизвикуваше многу судири и крвопролевања, треба да го оставиме минатото и заедно да напишеме нова историја за мирот и регионалната соработка“, изјави Рама за турската новинска агенција Анадолија.