Нема настава, оти нема греење во струшкото училиште „Јосип Броз“

Основното училиште Јосип Броз Тито од Струга.

Во Централното основно училиште „Јосип Броз“ во Струга и во подрачните паралелки на ова училиште во селата Враништа и Мислешево наставата денеска е во прекин, затоа што нема греење во училниците. Директорот на училиштето вели дека родителите синоќа одлучиле да не ги испраќаат децата на настава се додека не се реши проблемот со греењето.

Општина Струга информира дека тендерот за набавка на нафта е завршен и оти во текот на наредните денови нафтата ќе биде испорачана во струшките училишта.

„Јосип Броз“ е најголемото основно училиште во општина Струга во кое учат околу 800 деца.