Нов Зеланд исклучи испраќање копнени сили во Ирак

Новозеландскиот премиер Џон Кеј

Нов Зеланд соопшти дека нема да испрати војници во Ирак како дел од меѓународните напори против милитантите на Исламската држава. Сепак, како што наведено, владата ја разгледувала можноста за испраќање тренереи кои би ги обучувале ирачките војници за борбени задачи. Новозеландскиот премиер Џон Кеј изјави дека околу 40 државјани на неговата земја биле вклучени во активности на исламистички организации, а некои од нив патувале во Сирија.