Иран одбележува 35 години од преземањето на американската амбасада

Неколку илјади луѓе денеска се собраа на демонстрации пред поранешната американска амбасада во Техеран да ја одбележат 35-годишнината од нејзиното преземање. Демонстрантите палеа знамиња на САД, Израел и Велика Британија и скандираа слогани против овие три земји. Оваа година, годишниот собир се совпадна со празникот Ашура, кој се одбележува во сеќавање на смртта на имамот Хусеин, еден од најзначајните личности во шиитскиот ислам. Во обраќањето пред демонстрантите, свештеникот и универзитетски професор Али Реза Панахиан ги спореди САД со непријателите со кои имамот Хусеин се соочил во неговата последна битка во градот Карбала во денешен Ирак. Слични собири се одржаа и во други градови во Иран. Студентски активисти упаднаа во американската амбасада во Техеран во ноември 1979 година по Исламската револуција во која беше соборен шахот кој ја имаше поддршката на САД. Тогаш, 52 Американци беа држени во заложништво 444 дена.