Кампања на ОН за луѓето без државјанство

Агенцијата за бегалци на ОН соопшти дека ќе започнат кампања за да ги убедат владите да се реши проблемот со луѓето без државјанство во рок од 10 години. Од УНХЦР денеска соопштија дека кампањата со наслов „Јас припаѓам“ се однесува на околу 10 милиони луѓе во светот кои немаат државјанство или пасош. Според нив луѓето без државјанство често немаат пристап до медицинска нега, образование и политички права, не можат да гласаат. Од Агенцијата велат дека ќе се обидат да ги убедат земјите во кои има луѓе без државјанство, да им го дадат. А ова особено важи за земјите кои не им даваат државјанство на малцинствата да ја укинат таа пракса. Високиот комесар на ОН за бегалци, Антонио Гутерес во соопштението вели дека луѓето без државјанство се чувствуваат како нивната егзистенција да е кривично дело.