Милитантите на ИД застрелале 36 членови на сунитско племе

Милитантите на Исламската држава застрелале најмалку 36 членови на сунитско племе во западната ирачка провинција Анбар. Лидерот на племето Албу Нимр, изјави дека екстремистичката група егзекутирала 29 мажи, четири жени и три деца во селото Рас ал-Маа на 3 ноември. Членовите на племето избегала од селото откако милитантите на ИД го зазедоа градот Хит.

Членовите на племето се борат на страната на ирачките владини сили против милитантите на Исламската држава.
Борците на ИД продолжуваат да заземаат територија во провинцијата Анбар во последните неколку недели и покрај воздушните напади предводени од САД.