Oбвиненијата за корупција во Еулекс пред ЕП и ЕК

Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент денеска со претставници на Европската комисија ќе ги разгледува обвиненијата за корупција во мисијата Еулекс во Косово, пренесе Танјуг.

Портпаролот на високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Федерика Могерини соопшти дека на средбата ќе присуствуваат директорот за Западен Балкан во Европската служба за надворешна политика Федерико Џентилини и шефот на службата за внатрешна контрола во Европската комисија.

Обвинителот од Еулекс, Марија Бамие, во интервју од пред неколку дена го посочи Џентилини како еден од главните виновници за корупцијата во Еулекс, истакнувајќи дека неговата дирекција практично управува со мисијата во Косово.

Бамие беше отстранета од должноста под сомненние дека на приштинскиот весник „Коха диторе“ му предала информација, по што весникот објави серија написи за корупцијата во мисијата на ЕУ.

Минатата недела неколку пратеници од Европскиот Парламент инсистираа на формирање независна комисија за истрагата на тврдењата за корупција, за кои зборуваа Бамие и „Коха диторе“.

Неколку косовски невладини организации денеска, исто така, побараа истрага на корупциските афери во Еулекс и за притисокот вршен врз новинарите кои го објавувале информациите за нив.