Се превртел брод со мигранти во Турција, 24 жртви

Архивска фотографија- брод со мигранти.

Спасувачките екипи пронашле 24 безживотни тела, додека седум луѓе се спасени во близина на Истанбул, откако се превртел брод со 40 илегални имигранти, меѓу кои имало и 12 деца и 7 жени, јавуваат турските медиуми. Потрагата по останатите патници на бродот се уште е во тек, а во неа се вклучени чамци од крајбрежната стража и хеликоптер. Повеќето од патниците на брoдот биле Авганистанци, кои платиле по неколку илјади евра за подoбaр живот во земjите од ЕУ.

Голем број илегални имигранти од Африка и од Блискиот Исток минуваат преку Турција за да стигнат до земјите на Европската унија, најчесто патувајќи во лоши и преполни бродови.