На претседателските избори во Романија ќе има и втор круг

Вчера во Романија се одржа првиот круг од изборите за нов претседател кој ќе го замени Трајан Басеску, а кој се повлекува по 10 години на власт. Излезните анкети покажуваат дека премиерот Виктор Понта и градоначалникот на Сибиу, Клаус Јоханис обезбедиле најмногу гласови, но не и доволно за да победат во првиот круг. Вториот ќе се одржи по две недели. Одѕивот на гласачите бил над 53 насто. 42 годишниот Понта порано беше јавен обвинител и неговата популарност изгледа не е намалена по обвинувањата за корупција во редовите на неговата Социјалдемократска партија. Романија и се приклучи на Европската унија во 2007 година, но останува втората најсиромашна и една од најкорумпираните членки на Унијата.