Канада изведе први воздушни напади врз ИД во Ирак

Канадскиот министер за одбрана Роб Николсон изјави дека канадски борбени авиони го извеле првиот воздушнен напад врз милитанти на Исламската држава во Ирак. Тоа е прва борбена акција на канадските сили кои и се придружија на меѓународната кампања во минатиот месец. Се прецизира дека нападите биле извршени во близина на ирачкиот град Фалуџа. Одлуката на Канада да и се приклучи на меѓународната алијанса беше проследена со два напада во Канада во кои беа убиени двајца канадски војници.