Ирак-Во бомбашки напад загинале 12 лица

Ирачката полиција соопшти дека во експлозија на автомобил бомба загинале најмалку 12 лица. Нападот се случил во местото каде жителите им носеле храна и вода на шиитските свештеници кои се подготвувале да заминат за светиот град Карбала за да го одбележат верскиот празник Ашура. Според полицијата, во нападот биле повредени 20 лица.