Панел на ОН за климатските промени

ОН соопштија дека климатските проемни се случуваат и тие речиси целосно се резултат на човечките активности. На панелот на кој се расправаше за темата е посочено и дека за да се намали влијанието на климатските промени можеби ќе биде потребно емисијата на стакленички гасови да се сведе на нула до крајот на векот. Според извештајот, светот мора да стави крај на својата зависност од нафтата, јагленот и природниот гас .