Египет-Осудени 8 мажи за наводно присуство на геј свадба

Обвинетите за време на судењето во египетскиот суд.

Осум мажи во Египет добија по три годишна затворска казна поради тоа што се појавиле на видео на кое наводно е прикажана венчавката на двајца мажи. Според судот, мажите се виновни за потикнување разврат. Обвинетите соопштија дека присуствувале на роденденска забава.Тие беа уапсени во септември, откако египетското обвинителство соопшти дека видеото е срамно за господ и е навредливо за јавниот морал. Хјуман Рајтс Воч ја осуди одлуката на судот.