ИД извршила масовни убиства во Ирак

Лидерот на провладиното сунитско племе во ирачката покраина Анбар, шеикот Наим ал Гаод изјави дека милитантите на Исламската држава извршиле масовни убиства. Според него, милитантите убиле 67 членови на неговото племе во селото Рас ал Маа. Тој порача и дека милитантите најверојатно држат во заложништво 125 припадници на племето. Исламската држава продолжува да освојува територии во покраината Анбар во последните недели и покрај воздушните напади на меѓународната колиција предводена од САД.