Започна гласањето на изборите во Доњецк и Луганск

Гласањето во Доњецк

Започна гласањето на контроверзните избори во источна Украина, која е под контрола на проруските сепаратисти. Самопрогласените претставници на власта во Доњецк и Луганск соопштија дека на гласањето ќе се изберат лидери на регионот и членовите на таканаречениот народен совет. Украинските власти, САД, ЕУ и други западни земји, како и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун порачаа дека изборите се нелегитимни и резултатите нема да бидат признаени.