Макстил затвара, а Југохром со преполовено производство

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски.

На денешната заедничка прес-конференција вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири информираа дека „Макстил“ донел одлука да направи прекин во производството во погонот челичарница, кој беше со најголема емисија на гасови, а во „Југохром“ од Јегуновце, ќе се намали производството за нешто повеќе од 50 проценти.

Пешевски изјави дека владата опстојува на воведувањето еколошки ред. Според него, на Југохром му е даден временски рок од две години во кој компанијата ќе треба целосно да ги исполни стандардите. Изаири изјави дека постигнати се позитивни резултати.