Иванов се обрати на средбата на Европската група

Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов се обрати на денешната средба на 38-та Европска група на Трилатералната комисија во Белград. Тој се осврнал на проблемите со кои се соочува Македонија на патот кон ЕУ и НАТО, селективниот пристап и двојните стандарди кон Македонија, толерирање на непочитувањето на меѓународното право и меѓународните обврски, на пресудата од Меѓународниот суд за правдата.

Иванов учествувал и се обратил на дебата на тема „Земјите од регионот на патот кон ЕУ“. Тој на дебатата по воведните обраќања на прашања на членови на Трилатералната комисија, предупредил за можните последици по безбедноста на регионот, предизвикани од статус-кво состојбата во евроатлантските интеграции.