Доделени првите 200 решенија за отпис на долгови

Министерот за финансии Зоран Ставрески

Првите 200 решенија за отпис на долгови на граѓаните од ранливи категории се доделуваат денеска во повеќе градови во Македонија. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при врачувањето на решенијата во Велес изјави дека го оствариле ветувањето кое им го дале на граѓаните пред изборите.

Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека граѓаните кои спаѓаат во најранливите категории, најсиромашните граѓани, примателите на социјална помош, невработените денес имале можност да ги добијат првите решенија за отпис на долговите. Поднесувањето на барања за отпис на долговите почна на 18 август, а крајниот рок беше 13 октомври.