МААЕ - Иран да презеде конкретни мерки

шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (MAAE) Јукио Амано.

Иран треба да презеде конкретни мерки за да покаже дека неговите нуклеарни активности се за мирољубиви цели, изјави денеска шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (MAAE) Јукио Амано. Тој вели дека Иран треба да се изјасни за дел од својата нуклеарна активност во минатото и да овозможи инспекции во нуклеарните објекти, за да можат инспекторите на МААЕ да обезбедат веродостојна гаранција дека во земјата нема непријавени нуклеарни материјали и активности.