Медицинската сестра која одби карантин, не смее да биде на јавни места

Судот во американската држава Мејн нареди медицинската сестра Качи Хикокс, која одби да остане во карантин поради заканите од ебола, да стои понастрана од јавни места. Таа по враќањето од Африка каде работела со пациенти заразени со ебола беше подложена на тестирањето, но се покажа дека го нема вирусот, по што одби да биде во карантин. Судијата денеска донел ваква одлука, откако вчера медицинската сестра отишла на велосипедска прошетка со своето момче во близина на нејзиниот дом.
Во некои американски држави за медицинскиот персонал кој ќе се врати од земјите зафатени со ебола, следува 21 ден карантин.