Израел повторно ја отвори џамијата Ал-Акса

Израел повторно ја отвори џамијата Ал-Акса во Ерусалим, еден ден откако беше затворена поради тензиите кои уследија по обидот за атентат на еден тврдокорен еврејски рабин од страна на палестински напаѓач. Но денеска израелската полиција им дозволи само на муслиманските мажи на возраст над 50 години да влезат и да се молат во џамијата. Денеска џамијата беше под силно обезбедување.

Полицијата вчера ја затвори џамијата, откако еден Палестинец се обидел да го убие рабинот, по што напаѓачот бил убиен од страна на полицијата. Убиството на напаѓач предизвикаа насилни протести од страна на млади Палестинци.