Путин да не ги признава сепаратистичките избори

Од канцеларијата на украинскиот претседател Петро Порошенко соопштија дека лидерите на Украина, на Германија и на Франција побарале рускиот претседател Владимир Путин да не ги признава изборите кои ќе се одржат на 2 ноември во сепаратистичките региони во источна Украина. Во соопштението на Поршенко се вели дека лидерите јасно ги искажале своите позиции дека нема да ги признаат планираните избори кои се во спротивност на договорот потпишан на 5 септември за прекин на огнот. Побараа Путин да не ги признава изборите, стои во соопштението. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, претходно рече дека Моска ќе ги признае изборите.

Што се однесува пак до изборите во Украина што се одржаа изминатиот викенд, Порошенко вели дека досегашниот премиер Арсениј Јетсењук останува на местото премиер. Партијата на Јетсењук освои најмногу гласови на изборите.