Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека се повлекува предлогот на владата за оданочување на користњето интернет од идната година. „Во сегашната форма и во вакви услови не може интернетот да се оданочи“, изјави Орбан за унгарското државно радио. Десетици илјади граѓани во неделата и во вторникот излегоа на улиците на Будимпешта и во неколку други градови да протестираат поради овој план на владата. За вечер демонстрантите најавија манифестација на прослава на одлуката на владата да се откаже од намерите.