Претседателот на Буркина Фасо не заминува и покрај протестите

Претседателот на Буркина Фасо Блејз Компаоре одби да поднесе оставка по насилните протести, наведувајќи дека тој, по распуштањето на парламентот, ќе ја предводи транзиционата влада. Демонстрантите вчера влегле во парламентот при што го запалиле. Тие бараа прекинување на парламентарните избори кои за Компаоре би значеле петти мандат на таа функција. Опозицијата соопшти дека во нередите во земјата биле убиени најмалку 30 луѓе. Компаоре дојде на власт со државен удар во 1987 година.