Јахјага ја откажа посетата на Белград

Косовскиот претседател Атифете Јахјага изјави дека нема да го посети Белград в сабота, каде требаше да присуствува на трилатерална средба со премиерите на Србија и на Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама. Таа истакна дека причина за неприсуство на средбата се политичките проблеми во Косово и неможноста косовските партии да ги формираат државните институции четири месеци по изборите.

Косовскиот Парламент уште нема избрано свој претседател, ниту определил премиер, кој ќе состави влада.