Кери - навредите кон Нентенјаху се неприфатливи

.

Државниот секретар на САД, Џон Кери, рече дека навредите кои наводно ги направил неименуван американски претставник за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, се „срамни, неприфатливи и штетни“. „Атлантик“ претходно оваа недела цитираше неименуван американски официјален претставник како ја критикува политиката на Нетанјаху за еврејските населби во окупираните палестински територии, поткопувањето на напорите на САД за мир, како и неговите агресивни ставови кон Иран, велејќи дека израелскиот премиер само се грижи за својата политичка кариера. Американскиот претставник го нарече Нененјаху „кукавица“.

Нетанјаху на тоа одговори дека е вербално нападнат за тоа што го бранел Израел.