Разговори Турција - ОН за кипарското прашање

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека „прозозорецот на можностите за решавање на кипарското прашање нема да биде засекогаш отворен“.

Чавушоглу во Анкара се сретна со специјалниот советник на генералниот секретар на ОН за Кипар, Еспен Барт Ајде, кој по средбата изјави дека се уште е оптимист за можностите за изнаоѓање на решение на долготрајниот кипарски проблем. Денешната средба уследи откако Кипар најави замрзнување на преговорите, поради плановит на Анкара за потрага по наоѓалишта на нафта и гас крај јужниот брег од кипарскиот остров.

„Но, решение не може да биде најдено доколку преговорите не продолжат, додаде Ајде.