Ристовски - нема укинување на дисперзираните студии

Не сме се изјасниле дека во високото образование има шкарт дипломи, туку укажавме на фактот дека е потребно надградување на системот на високо образование, особено во делот на квалитетот во реализацијата на високото образование, одговори заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски на пратеничкото прашање. Тој вели дека дисперзираните студии не го намалуваат квалитетот во високото образование и затоа не планираат да ги укинат.