Генералниот директор на Епл соопшти дека е хомосексуалец

Генералниот директор на Епл, 53-годишниот Тим Кук, изјави дека со гордост може да каже дека е хомосексуалец. Тој ова го открива пред јавноста во есеј напишан за Блумберг Бизнисвик што беше објавен денеска. Кук вели дека тоа што е хомосексуалец му овозможило „подлабоко разбирање на она што значи да се биде малцинство“ и оти борбата за еднаквост е суштината на неговиот личен и деловен етос. Кук стана директор на американскиот технолошки гигант во 2011 година по смртта на Стив Џобс. Тој вели дека никогаш не ја негирал својата сексуалност, но и оти никогаш јавно не ја обзнанил.