Егзекутирани 30 луѓе во Ирак

Милитантите на Исламската држава наводно егзекутирале 30 припадници на сунитски племиња во Ирак, во западната провинцијата Анбар. Локалните официјални лица соопштија дека убиствата се извршени денеска во градот Хит, кој е во рацета на бунтовниците од почетокот на октомври. Градот се наоѓа на околу 140 километри западно од Багдад.

Луѓето кои биле убиени се припадници на племе кое е на страна на владините сили кои се обидуваат да ја повратат територијата која е во рацете на милитантите. Милитантите на Исламската држава веднаш не презедоа одговорност за убиствата, но досега тие извршиле над стотици егзекузии.