Сепаратистите нападнале позиции на владините сили во Украина

Проруските сепаратисти, наводно, гранатирале позиција на украинските владини сили во југоисточниот дел на Украина и покрај прекинот на огнот. Властите во пристанишниот град Мариупол велат дека воени позиции во близина на селото Талаковка, биле нападнати од оган кој дошол од области контролирани од сепаратистите. Извештаите велат дека има загинати војници. На почетокот на септември беше потпишат договор за прекин на огнот, но често има нарушувања на договорот.