Кривична пријава за инцидентот во Кондово

Полицијата до Обвинителство поднесе кривична пријава против три лица од село Кондово, осомничени за инцидентот во истото село. Тие се сомничат дека во петокот сториле кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ и „предизвикување општа опасност“.

Двајцата браќа кои се првоосомничени, сториле кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, а третиот сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Како што денеска соопшти МВР, имало претходно меѓусебно нетрпение помеѓу браќата од двете семејства.

Во престрелката во петокот повредени се тројца луѓе. Двајца од учесниците во инцидентот се вработени во АРМ, а еден во МВР, а во престрелката било употребено и службено оружје.