ЕУ ги задржува санкциите против Русија

Европската унија реши да ги задржи санкциите против Русија воведени поради нејзината вмешаност во судирите во Украина. Според извори во Брисел, членките на Унијата се согласиле дека нема никакв развој на настаните на теренот или промена во ставот на Русија за да се оправда пресиспитување на санкциите. Европската унија воведе серија санкции против руски компании и високи претставници, како и против сепаратистите во Украина. Последната серија беше во почетокот на септември.