Беспилотна ракета експлодира по лансирањето

На телевизијата на НАСА во директен пренос експлодира беспилотно приватно вселенско летало шест секунди по лансирањето на мисија за снабдување на Меѓународната вселенска станица. Прецизирано е дека експлодирала ракетата Антарес на приватната американска компанија Орбитал Сајансис со капсула без човечки екипаж кон Вселенската станица. Во неа имало над два тона храна и опрема за научни експерименти за шестемина астронаути во Станицата. Ракетата била лансирана од базата Валопс во Вирџинија. Се уште не е јасно зошто дошло до експлозијата.