Американска помош за сунитите во западен Ирак

Пентагон соопшти дека американски авиони исфрлиле помош за едно сунитско племе во западната ирачка провинција Анбар каде што владините сили се борат против џихадистите на Исламската држава. Портпаролот на Пентагон Џон Кирби изјави дека станува збор за храна за сунитите кои од исламистите биле принудени да ги напуштат нивните домови.