Газпром нефт се жали поради санкциите пред Европскиот суд на правдата

Газпром нефт, нафтениот огранок на рускиот енергетски гигант Газпром, денеска соопшти дека ги оспорил санкциите на ЕУ против оваа компанија пред Европскиот суд на правдата. Санкциите против Газпром нефт беа воведени како дел од пошироките санкции против Русија поради нелегалната анексија на Крим од Украина и поради поддршката од Москва за проруските сепаратисти во источна Украина. Санкциите од ЕУ го спречуваат Газпром нефт, кој е четврти најголем производител на нафта во Русија, да позајмува пари на европските пазари. САД исто така воведоа санкции против Газпром нефт поради улогата на Русија во украинската криза.