Ирачките Kурди од Турција се упатиле кон Кобани

Лидерот на сириските Курди, Салих Муслим Мохамед изјави дека околу 150 ирачки курдски борци на Пешмерга силите денеска пристигнале во воздухопловна база во Турција. Потоа се упатиле кон сирискиот град Кобани, каде треба да им помогнат на сириските Курди во борбите со милитантите на Исламската држава. Минатата недела, курдската регионална влада во Ирак дозволи распоредувањето на 150 Пешмерга борци во Кобани. А Турција дозволи тие да ја користат турската територија за да стигнат до Сирија.